Скејтбордот Влегува Во Програмата На Олимписките Игри 2020.?

[fblike]
Предложени пет нови спортови
gyro-gif-half-1_На Летните олимписки игри во 2020. година може да
се случи вистинска мала спортска револуција
Јапонија предложи во програмата за  32. Олимписки игри што ќе се одржат во Токио во 2020. година да влезат пет нови спортови. Тоа се дисциплините:  бејзбол/софтбол, карате, скејтбординг, сурфање и спортсо искачување. Овие предлози ќе бидат доставени до Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во Лондон, кој потоа ќе одлучи во август следната година. Во согласност со одлуката на МОК од минатата година, градовите домаќини имаат право да предложат една или повеќе спортски дисциплини за овој најголем спортски настан во светот.
Ако предлогот на Јапонија помине на игрите во Токио ќе се натпреваруваат дополнителни 474 спортисти во вкупно 18 нови натпреварувања. Токио за домаќин на следните Летни олимписки игри беше избран во Буенос Аирес во 2013 година, додека Јапонија веќе еднаш беше домаќин на овој спортски спектакл, и тоа во 1964 година.
Посетено 212 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!