Си имам нов другар, Исус се вика

isus-na-panker-pocetna_majkatiitatkoti
Пред гондолите со флаширана вода во Рамстор
приметувам еден чуден тип
Убаво го загледувам, го меркам од глава до пети,
ептен ми личи на еден имагинарен лик.
“Дечко извини ама незгодно ми е
што овака буљиш во мене“- ми се обраќа
„уф ти извини што сум овака безобразен
ама многу ми личиш на еден што сум го
гледал на слики и филмови за Велигден“
„ако мислиш на Исусу во право си, тој сум“
„ааа добро, само панталониве со американско знаме ме збунија“
„па малце пофраерски да изгледам,
да им бидам поблизок на младите“
„е тука во право си, денес младите повише
се крстат во Харис Џиновиќ и Кајмаковски него во тебе“
„да, жално е тоа него да не знаеш која од водиве е Света Вода?“
„хаха па нема таква, нели ти ја правиш света
само ако ја допреш?“
„како не бе, тоа само по филмови, комплицирано е тоа
ама сега немам време ми се брза,
треба да однесам 5литра во Св.Петка“
„Купи празен бокал и наполнилно го
со обична вода, мислиш ќе приметат?“
„па не, во право си“
„ај да земам нешто за јадење па јас ќе те префрлам со кола
а не е лошо и ти нешто да јадеш, ептен сучка си“
„вегетаријанец сум, од што да се здебелам?“
И така идеме кај фрижидерите со месо и од страна
на некоја импровизирана тезга има промоција на чварки,
убави, малецки, крцкави чварки
Пробувам една..њам, се топи во уста
„Што е тоа?“ – ме прашува
„пааа,паа тоа е нешто како чипс од модри патлиџани“- го лажам
„сакам и јас“ – па зема пробува
„ммм баш вкусно“ – и пробува уште една
Почна нешто да разговара со дечкото од тезгата
ама јас не ги слушав,
бев целиот бев концентриран кон една
згодна женска што се натртила пред излогот со кобасици.
Наеднаш добивам чврга во глава и го гледам
Исус како љуто ме гледа
„што ти е бе, што се маваш?“ –збунето го прашувам
„како не ти беше срам да ме заебеш со чварките
тоа е одвратно свинско а не некој зеленчук“
„а ти што ме заеба мене?“
„јас сум те заебал ?…како?“
„па заради тебе е сменет календарот
па имаме „пред наша ера“, па „во наша ера“ па..“
„е голема работа“ – ме прекинува
„а инквизиција?“
“па ти не си бил ни роден тоа време?“
„а замисли да сум бил?…или ако ти текне пак да уведеш?“
„не се споредува инквизиција со чваркиве, овие се поголемо зло“
„добро, да не беше ти немаше да има
ни христијани ни муслимани
ќе си верувавме кој во што сака,,
во камења, дрва, ајфони и фритези…….“
Не знам колку време ни траеше дебатата
ама дека сме претерале укапирав
кога дојде обезбедувањето
да ни каже дека е крај на работно време
Искачаме надвор, се гледаме во очи,
душа немаме од толку зборење
„ми фали пијачка“ – му викам
„и мене“
„ај ќе идеме да пиеме Света Текила“
„ај…него чекај, од свињско да не ја прават?“
-со насмеана фаца ме прашува
“хаха ај не сери“ – исто така насмеан му вратив
И така, станавме први другари
ама не збориме за религија,
само за спорт и шах, мода и екологија
безбедноста на лифтовите во случај на земјотрес
и сл општи теми
Посетено 958 пати