Што да правиш кога Инстаграмот не ти работи?

Сите знаеме дека ова е своевиден крај на светот, aма сепак постојат бројни ствари кои можеш да ги правиш додека да ти проработи Инстаграмот и Фејсбукот затоа што по некој чуден закон на технологијата, неретко овие две апликации рака за рака заедно во исто време „изчезнуваат“.

Паниката е голема… Се тресат раце и нозе, се потат дланки, се игра Harlem Shake и се припремаш да му објавиш војна на Цуге (Закерберг) со огромен статус… Во кој патешиш зошто баш тогаш реши да падне, тогаш кога сакаше да опнеш слика во бикини на Лефкада… Тогаш кога сакаше да опнеш слика од коктел и книга од познат писател на стори… Е баш тогаш де, кога оној што го симпатишеш ставил нова слика, а ти не можеш да му ја лајкнеш… Не дека ќе ти вратеше на лајкот, but still…

Па да почнеме:

1. ЧИТАЈ

Сериозно искористи го времето да прочиташ некоја добра книга… Која до сега ја фотна за на Инста неколку пати, а твоите верни обожаватели не провалија дека „Папата Јована“ ја сликна 3 пати до сега, „Алхемичарот“ 2 пати и некоја актуелна книга – еднаш.

Прочитај нешто македонско на пример, ал сериозно. И не мора да го фоткаш. Знај си го за себе…

Може да е Џамбаз, why not? Поголеми вистини и неверојатни случки за животот одамна немам прочитано…

2. ЗАЧИСТИ НЕШТО

Ако првово не ти оди од рака, тогаш биди корисен за себе и за околината… Дали се работи за чистење по дома, во двор или надвор од твоето маало… Сосема е небитно. Можеш слободно да се пријавиш во #НеБидиЃубре

3. ШЕТАЈ

Ако место не те фаќа, не ти се чисти, не ти се чита книга, а мајка ти сака да чисти на раат, а татко ти сака да чита новини на раат, тогаш биди корисен и шетај, не сметај.

Во парк, на Матка, на Водно, до Крушево, на Велешко, до Дојран… Колку места има, ми доаѓа и јас да му ја здувам на некоја убава локација…

Ајт. Убав ден. Имам книга за читање, локација за шетање, а и понешто за миење и чистење!

Марија Прличкова

Посетено 281 пати