Сечено, лепено, монтирано видео од инаугурацијата на Доналд Трамп
Политичарите меѓусебно се “почастија” со нивните размислувања
Станува збор за видео со намонтирани кадри од неодамнешното одржување на инаугурацијата во кое на главните политички актери гласовите им се позајмени
Ова видео е во траење од преку четири минути, што во суштина е компилација на разните случувања на неодамна одржаната инаугурација на Доналд Трамп. И покрај тоа што кадрите се вистински, тимот кој го состави ова духовито видео ја користеше техниката “lip reading” т.е читање од усни, а на главните политички актери им ги позајми гласовите со измислени духовити разговори кои меѓусебно се водени од страна на Доналд Трамп, Барак Обама, Меланија Трамп, Мишел Обама, но и неизоставната Хилари Клинтон како и и нејзиниот сопруг, еден од поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон. Погледнете го видеото, ако треба и неколку пати и ќе забележите дека нивните “измислени” дијалози навистина не се далеку од нивните вистински размислување во прикажаните ситуации. Проверете сами за што станува збор во видеото кое моментално го забавува целиот свет.
Посетено 2.104 пати