Се’ пробав ама џабе ми е, уште ми е нешто тажно на душава
тажно ми е…
џабе што едни мравки ме голицаат, не ми е до смеење
и пробав да пишувам-џабе
и да цртам – џабе
и да шијам по шнит од Бурда-џабе
и да мачам една туба мајонез со клешта –џабе
и да го преправам маалскиот контејнер во Васина торта
и да влезам во телевизор за да му мавнам заушка на водителот
и да им ги измешам кондурите на комшиите што ги чуваат пред врата
и да ја гаѓам месечината со пикадо
и си ги извадив забите а на ниво место ставив спајалици
и си залепив похован кромид околу очите
и ги фаќав гулабите на балкон и ги терав да јадат пилешка супа
и ја терав вц шољата да прави склекови додека и’ го читав Блез Паскал
се’ пробав ама џабе ми е,
уште ми е нешто тажно на душава
Посетено 1.212 пати