Се понашаме ко Арапи по кафаните…

Си доаѓа другар шо работи по Шведска…

Ни се јавува на екипа дека стигнал и експресно окупираме кафана…

Муабетиме така, он се фали како имал пари, како бил галантен по кафани таму, они не знаеле така како нас, немале манири, па ни кажува како е добро коа си имаш финансиска сигурност, лапачка-пијачка без да мислиш дали ќе ти стигне ќеш и слично. После саат време паламудење, прашува како сме ние, шо има. Еден другар му одговара:

-Абе ние по кафаните почнавме ко Арапи да се понашаме!

Швеѓанецот:

-Зашто бе, шо така?

Другарот, накурчено:

-Па сиромаштија бе брат, го читаме менито од десно на лево!!!

Посетено 2.260 пати