Се насмеавте ли денес?

Ако не, можеби овие кратки приказни ќе ве насмевнат од срце!
nasmevki_majkatiitatkoti[fblike]За убав почеток на денот!
“Секогаш кога сум идел на свадби, постарите ми викале ајде ти си следен, што чекаш.
Ми се здосади да го слушам тоа, па сега ја им го викам истото на погреби.”

“Каде и да ги ставиме парите, синот ни ги краде, што мислиш каде да ги ставиме сега?
Во книгите, ич нема даму текне каде се!”

За роденден татко ми ми купи речник, оти сум бил неписмен.
За неговиот роденден јас му купив кукла на дување…”

“Жена оди на лекар за месечарење и го прашува – Докторе што да правам со ова месечарењево?
Ништо продолжи си, и онака треба да пешачиш, дебела си.”

“Ме потсеќаш на море?
Знам, бидејќи сум дива, романтична и возбудлива личност, нели?
Не, бидејќи ми се лоши од тебе.”

“Еј, се плашам…
Зошто ма?
Па слушнав дека ќе не нападнеле зомби за некоја година.
Абе и јас слушнав, ама знаеш што? Јаделе мозоци само, не се секирај, ти си безбедна!”

“Сине, ајде оди во продавница.
Мамо, не можам, слушав на вестите киднапирале деца се почесто.
Не се секирај сине, тебе сигурно ќе те вратат!”

“Викаат дека требало еден час да ти се допадне некој, еден ден да засакаш  некој и цела вечност да го заборавиш.
Мене мајка ми ме заборави во супер маркер, па што…”

“Да ти кажам ма, ми се скрши огледалцето сношти, она розевото со пуфки.
А јас да те прашам нешто тебе, колку време се гледаше во него?”
(вака треба за шмизлите)

“Сине каде си?
Во стриптиз бар, мамо.
Дали гледаш нешто што не треба таму?
Освен голите жени, да… гледам уште нешто.
Татко ти?
Не, сестра ми!”

“Ама срце, сакам да се смириме, те сакам назад!
И луѓето во пеколот сакаат вода, ама никој нему дава!”

“Мамо, на плажата видов жена со поголеми цицки од твоите.
Ако сине, што поголеми тоа поглупава е жената.
Тато, на плажата видов маж со поголем патлак од твојот.
Ако сине, што поголем тоа поглупав е мажот.
Мамо, го видов тато како зборува со најглупавата жена на плажата.
Тато, ја видов мама како зборува со најглупавиот маж на плажата.
И така сите среќно си живеја…”

“Кратка љубовна приказна:

Тој: Те сакам!

Таа: И јас сакам Ламборџини…”

Посетено 1.664 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!