ШАРКО, ЦРНОТО КУЧЕ ШТО ЗНАЕ ЛАТИНСКИ

„ФРАНЧЕСКО, ФРАНЧЕСКО..“ – покрај мене еден тип
урла како нездрав
„полека бе што се дереш како некој да ти се
уфрлил преку ред на шалтер“ -промрчувам
„Франческо .. си го видел ли?- ме прашува со плачливи очи
„кој тие е бе тој Франческо?“
„Па Франческо Петрарка“
„Ај не ме дупи тој е мртов милион векови“
„ама кучето така ми се вика“
„молам?“ – прашувам и не знам дали да се смеам или плачам
„па да.. сите нормални кучиња сакаат
да ги однесеш во парк да се истрчаат
ама мојов ќе седне на клупа и го чита Петрарка
и тоа во оригинал, на латински,
па затоа го прекрстив, пред тоа се викаше Шарко“
„како можел Шарко да се вика
кога кучево ти е црно како гаражите под Ескимо?“
„а што кур тебе ти е гајле.. и од кај знаеш дека е црно?“
„па и не ми е гајле,
а предпоставив дека е црно
пошто сега видов автобус како гази црно куче
што имаше чудна книга меѓу забите“
„што?.. мојот Франческо е мртов??“
„да сплескан за асфалт, газен на мртво,
умре во неподносливи болки..“
„достааа, престаниии …. како ќе живеам сега без него?“
„не знам…ама ако сакаш да се убиеш
случајно носам 200 гр отров
во левиов џеб на дуксеркава“
„добро, дај ми го“
„на“
„ама овде пишува дека е „Отров за глувци со ослабнати нерви“
„да знам, ама ќе земеш дупла доза и толку“
Го испи, почна да се препотува, тресе неконтролирано
Наеднаш од некаде дотрчува Франческо со книгата во уста
„еј, па ти жив си бил“ – му се израдува како мало дете
„а ти зошто ме излажа дека е мртов,
џабе пиев отров, што сега? .. имаш противотров?“
-ме праша бесно и загрижено
„немам, го заборавив во другите фармерки“
„е стварно не си …еј ослепев “ – извика
„не бе немај, гајле, само ти испаднаа очите,
нормално е тоа,
за 2 минути ќе почнат мрсули да ти течат и ќе умреш“
Така и бидна, си го знам мојот отров,
100 пати сум го користел
„и Франческо, сега што правиме?“
-го прашувам црново кучево а тоа збунето ме гледа
„сакаш да ги изедеш очиве?“ – ги избришав од прљавштина
и му ги тупнав под нос
Потврдно климна со глава, му ја извадив книгата од устата
и му ги дадов , со кејф ги изеде, првото левото па десното,
или обратно, стално се бунам кое око е лево а кое десно
Погледнувам во книгата , читам „Покајнички псалми“ од Ф.Петрарка
„Батали овакви глупости, ќе ти купам стрипови
со Командант Марк и Загор
и ќе идеме во парк“ – и ја фрлив во канта
Црното куче само ми се насмеа, мафна весело со опашката
и тргна со мене
„ама прво ќе идеме да купам бел ауто-лак
да те подофрбам малку, да заличиш на Шарко“
Мислам дека не ме слушна, со мислите веќе беше во паркот

Посетено 417 пати