Duck Face-от на баба ми

baba mu na panker[fblike]

„Зоки убава сум ти овака?“
„бабо ма, ај тргни ја таа DUCK FACE од фаца“
„што е, не сум убава?“
„така прават девојчиња кога се сликаат пред огледало
или покрај бојлер или трактор,
никогаш нема така швалер да си фатиш“
„зошто швалер, јас сум слободна баба“
„еј се разведовте со дедо ми?“
„ти стварно си кретен, дедо ти умре пред 15 години“
„еј да..нема врска, ај стварно трги ја таа duck face, плизз“
„ама не можам, таква ми е вилицата ..намерно си купив
2 броја поголема за да изгледам овака“
Додека така дискутираме ни приоѓаат 2 вистински патки и една гуска
„се извиниуваме госпоѓо ако може малку?“ – и се обраќаат на баба ми
„да?“
„ние сме од Здружението на Патки и Гуски
и се бориме против злоупотреба на нашите
фаци од страна на вас, луѓето“
„и?“
„па би сакале вас да ве ставиме на билборд како
еклатантен пример на ружна duck face“
„како не ви е срам кокошки едни да ја вреѓате баба ми
мрш да не ве гледам пред да ве удавам
во фритеза на 220 степени“
„и плаќаме 1000 евра“ – додадоа
„што?.. еј па што не кажавте одма, нема проблем,
него кај е баба ми, ја снема?“
„ене ја кај шахтата“ – свикаа тие во еден глас
„бабо слушна, ќе станеме милионери..еј што ти е
на лицето?“
„ја фрлив вилицата во шахта, многу се разочарав,
а само мислев да бидам убава“
„не зезај сега , иди одма да ја најдеш, ама одма
-и ја бутнав во шахтата да ја бара“
„еве птички мили сега баба ми …еј која ви е оваа?“
-и покажувам до една девојка што стои меѓу нив
а во устата е како превртена волнена чорапа
„готово, потпишевме договор со дамава
она ќе биде на билборд,
не ни треба баба ти“ – кажаа птичуриниве
и одлетаа накај Аутокоманда
„леле бабо како можеше овака да ме заебеш, внук ти
да го упропастиш за цел живот, како ма не ти е срам“
-седам на земја и плачам
„ќе видиш ти“- си мислам и врз шахтата
ставив контејнер, врз него аутобус а врз
аутобусот стовариште за градежни материјали
„ете, никогаш нема да искочиш од шахтава
башка знам кај ја криеш пензијата“- беа последните зборови
што и’ ги упатив на мојава баба што не ме сака,
мене?, најдобриот од сите внуци!!!
Посетено 974 пати