Саркастичните луѓе се попаметни, попривлечни и поуспешни

Cara

Да започнеме од сите вас кои во моментот седите пред компјутер и ја читате мојата статија, пребарувате се и сешто, и што ве интересира и што не ве интересира.

Само се шегувам, често знам да бидам саркастичен.

Се обидувам да внесам одредена доза на сарказам во секојдневните разговори со членовите од моето семејство, со родителите, со пријателите па дури и со личности кои не ги познавам.

Можете ли да ме обвините? Истражувањата покажуваат дека саркастичните луѓе се всушност многу подобри во споредба со оние кои не можат да поднесат шега.

Употребата на сарказам во секојдневната комуникација покажува дека сте попаметни, широко сте прифатени и сте поуспешни во својата кариера.

Но, зошто ви е ова важно вам? Впрочем, во што се состои поентата на читањето на оваа здодевна статија?

Повторно шега. Сега ќе ви дадам неколку факти.

Доколку не можете да го почувствувате саркастичниот тон во зборовите, мене навистна ми е жал за вас.


Нашите предци користеле сарказам за да одредат кој им е пријател, а кој непријател

Излегува дека сарказамот има многу поширока употреба од тоа што ние мислевме дека се користи само да ги засмее нашите пријатели или нашите сакани.

Се верува дека сарказамот во минатото претставувал една од основните вештини кога станува збор за формирањето на меѓусебни врски и зацврстување на истите. Сарказамот се создава и се толкува во дел од мозокот. Способноста да ја поттикнеме таа функција може да биде добар знак за висока интелигенција.

Всушност, сарказмот кај одредени личности претставувал одреден вид на предност пред останатите, по малку хистерични личности.

Истражувањата укажуваат дека можеби токму употребата на сарказам одиграла клучна укога во воспоставувањето на човечката цивилизација, бидејќи луѓето почнале да се организираат во најразлични врски и креирале свои ставови како што се личноста, изгледот , чувството за хумор и сите тие одиграле значајни улоги.

Како и да е, истражувањата покажуваат дека сарказмот бил во доста тешка положба на почетокот од формирањето на човечката социјална интеракција.

Всушност, навистина било тешко да се интегрира сарказмот во општеставата од пред илјадници години, а да не коментираме за тоа колку смешно изгледала кралицата во тоа време. Извинете, едноставно не можев да се воздржам.

 


Луѓето кои знаат да се смеат на својот живот се најпривлечни

Сериозно, не постои нешто попривлечно од личност со добра смисла за хумор. Буквално го мислам ова.

Истражување ги проучувало ефектите од користењето на одредена доза хумор при флертувањето со жена во бар. Жените вклучени во истражувањето биле на возраст од 20 до 26 години и не ни знаеле дека се вклучени во истражувањето (односно дека сарказамот може да им помогне на момците да ја освојат девојката од нивните соништа).

Ова навистина функционирало добро, жените најмногу ги привлекувале момци кои кажуваат шеги.

Осносно, истражувањето покажало дека добрата смисла за хумор е особина која најмногу ги привлекува жените. Жените ги опишале овие мажи како привлечни, интелигентни, забавни и дружељубиви.

Една од основните работи кои можете да ги направите за да го намалите стресот во животот е добро да се насмеете. Треба да се дружиме со луѓе кои знаат да се шегуваат, кои имаат смисла за хумор слично како нас- тоа е една од основните причини за да изградиме добра врска.

Како би можел да се сложувам со личноста која ми значи се во живото ако и кажам ’Огромна си во тие панталони!’, а таа ме сфати сериозно?


Ако знаете да прифатите шега, поголема е веројатноста дека ќе успеете во животот

Не само што ќе бидете попаметни и попривлечни доколку користите сарказам во секојдневниот живот, туку ќе бидете и посконцентрирани на вашите идни цели и последователно ќе бидете поуспешни.

Било извршено истражување врз 375 студенти со цел да се воочат ефектите од употребата на сарказмот во разговори помеѓу претставници од компанија и бизнис клиенти.

Најпрво, студентите требало да се стават во улога на клиенти. Потоа слушале разни снимени разговори помеѓу претставници и клиенти.

Дел од снимките биле неутрални разговори, а дел покажувале непријателство помеѓу личностите кои зборуваат.

Луѓето кои ги слушале пријатните разговори не можеле толку лесно да одговорат на аналитичките проблеми и прашања како оние кои ги слушале лутите разговори. И не само што имале подобри техники за решавање на проблемот, туку и биле многу повеќе фокусирани во понатамошната работа.

Можеби токму употребата на сарказам во нашето секојдневие ќе ни помогне да продолжиме напред, ќе ни се отворат други врати во животот

Па, тоа е тоа. Само што научивте дека луѓето кои се саркастични се едноставно подобри во животот. Ако не сте саркастична личност, штета за вас!

Посетено 6.517 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!