САНИ: „Моите Стории-Мојот Живот“ – Прва книга За Мода Во Македонија
Тоа и можеше да се очекува од Снежана Богдановска –Сани ,првиот профилиран моден новинар во МК , прва која се зафати со аналитично модно новинарство а која произлезе од првиот сет на македонските професионални манекени Воедно единствениот моден хроничар, сведок на предисторијата и раѓањето на македонската мода. Нејзината книга е произлезена од должноста да се да се остави некаков документиран белег. Насловот на книгата”Моите стории-мојот живот” носи некакава симболика за сопственот живот но тоа е сепак содржина вклопена во рамка во која се сместени авторски текстови објавени во слисанието LIFE во форма на модни колумни и интервјуа со еминентни ликови чиј прв број го имаше пред точно 10години , што ја декларира книгата како симболично , пригодно јубилејна. Но примарната декларација се однесува на факт дека тоа е прва книга за мода во Македонија. Па сепак,најважна е констататацијата дека колумните ,иако првично замислени како модна хроника, вака форматирани се изразуваат себеси како модно аналитичко четиво (веројатно прво во МК) ,со што добија и димензија на безвременост .
Таа вели дека е тоа писание кое секогаш одново може да се препрочитува. Кое треба да инспирира, потикне , потсети. Содржина која ги допира сите аспекти на модата но и животниот стил во најширока смисла, многу подалеку од локалните рамки. –Тоа е книга за Вашите внуци –ќе изјави Сани
Првата книга за мода во Македонија, својата официјална промоција ќе ја има во среда, на 20. април во клуб ресторанот МКЦ, во Скопје. Авторката Снежана Јаначкоска-Богдановска Сани и издавачката куќа Табернакул ги покануваат сите заинтересирани на овој настан кои ќе ги спојат модата и пишаниот збор.
Промотор ќе биде професорот Ферид Мухиќ.
——————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————–” Во меѓувреме е објавен и најновиот интригантен едиторијал на Сани,“МОЌТА НА 50-те модна новинарка која многумина ја паметат како дел од македонската реплика на супермоделите од 90’.
И додека во светот ваквиот акт ќе го наречат “ВРАЌАЊЕ НА СУПЕРМОДЕЛИТЕ”, за САНИ тоа ќе е повеќе како потсетување на старата добра школа, но пред се и потреба за рушење на стереотипите и предрасудите.Со тоа таа сака да одговори на прашањата :
Ве плашат ли 50-те години од животот? Нужно ли е мускулите да атрофираат и телото да се олабави. Дали брчките треба да се закана? Има ли потреба од извинување поради возраста?
Посетено 943 пати