Роденденска прослава со кафе и техно која никако не смеете да ја пропуштите!

По повод три години постоење, агенцијата „Ескејп Травел“ ќе го прослави роденденот со кафе и техно. За прв пат во нашата земја се организира роденден од ваков карактер, кој наместо во Скопје овој пат ќе се одржи во градот Штип каде воедно ќе биде отворена новата канцеларија на агенцијата.

Настанот ќе биде во среда, 22.05.2019, со почеток во 10:00, а ќе трае до 17:00 часот. Цел на настанот е да им овозможи на граѓаните несекојдневно збиднување кој ќе ја разбранува класичната агенда и ќе им даде можност да го искористат слободното време од работа за кафе пауза на улицата „Кирил и Методи“ бр.1А.

Во текот на денот гостите исто така, ќе уживат во звуците на техно музика продицирана од локални ди-џеи. Покрај неформалниот дел, агенцијата нуди можност на гостите да слушнат повеќе информации за актуелните понуди, да разговараат со млади лиценцирани туристички пратители кои ќе им го надополнат знаењето за модерното патување.

Петар Малев, кој е дел од агенцијата вели дека првите гости ќе добијат ваучери со специјализирани попусти, кои ќе важат само во Штип. Истите ќе може да се искористат за летување во престојната сезона. Тој додава дека по долго истражување на пазарот, Штип се покажува како иделано место кое заслужува нешто ново. Локалниот развој и се поголемиот број на студенти кои се одлучуваат своето образование да го продолжат во овој град, се главните фактори кои го одвојуваат градот во однос на останатите.

Според Малев, агенцијата го слави роденденот со кафе и техно не само поради специфичната тематика, туку и затоа што кафето, музиката и патувањето се трите клучни работи за среќа.

Игор ве поздравува со едно кратко видео, кое може да го погледнете тука:

Ако сте загреани за забава и техно-кафе, одете до линкот од настанот и уживајте: https://www.facebook.com/events/420752462098562/

Посетено 113 пати