Ричард Бренсон Го Отвара Својот Прв Вирџин Хотел
Во историската зграда вo Чикаго
Успешната мултинационална компанија Вирџин Груп ги отвора вратите на својот прв хотел во историската зграда
Old Dearborn Bank Building во Чикаго
Вирџин Хотел е првиот хотел на компанијата Вирџин Груп кој се наоѓа во историската зграда Old Dearborn Bank Building во еден од трите најнаселени градови во САД, Чикаго.
Со то новиот проект на сопственикот Вирџин Груп, мултимилијардерот Ричард Бренсон, кој планира отварање на уште два хотела: во лето 2016. ќе отвори во Нешвил, а третиот хотел би требало да се наоѓа во Њу Јорк, чие отварање го планира на крајот на 2017. година.
“Долго време имам желба да отворам убав, удобен и забавен хотел кој на гостите ќе им обезбеди се што тие сакаат, а притоа да не останад со празен паричник“, изјави Бренсон.
Првиот Вирџин Хотел во Чикаго ќе има 250 соби: од кои 40 ќе бидат соби наменети за гостите кои доаѓаат во придружба на своите куќни миленичиња, 40 ќе бидат големи апартмани, а постојат и два луксузни penthouse апартмани. Сите соби же бидат опремени со мини-ладидлник, маса за шминкање, работна просторија во која се наоѓа и работната маса, а интериерот го краси прекрасен паркет и детали во црвена боја. Додатна предност на овој хотел е таа што гостите со помош на мобилната апликација Lucy ќе можат да нарачаат услуга во соба, додатни перници, а апликацијата служи и како далечинско управување за телевизорот и овозможува пристап до музичките содржини.
Во хотелот ќе го пронајдете и динамичниот The Commons Club, кој ги поврзува ресторанот, барот и клубот чија идеја е да ги поттикне гостите на запознавање и дружење. На врвот на хотелот се наоѓа модерно Бистро Miss Ricky’s во кое можете да свирите во било кое време на денот и на ноќта, а утринското кафе можете да го испиете во кафе барот уреден во европски стил Two Zero Three. Почетната цена на ноќевање во овој интересен хотел изнесува 209 долари.
Посетено 311 пати