Рецепти: Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ

[fblike]

Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ
Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ

Родена е во Белград, дипломирала на Факултетот за политички науки, на катедрата за новинарство. Таа има објавено безброј колумни
 во голем број на водечките локални весници. Нејзината професионална кариера во новинарството започнала на деветнаесет годишна возраст. Моментално е колумнист во Вечерни Новости. Таа работеше многу и на телевизија, со авторски ток-шоу. Сценарист е а на документарната серија за Бјело Дугме продуцирана од страна на РТС. Мирјана досега има објавено четиринаесет книги: десет романи, две книги, драма, збирка раскази, две збирки…
Пилешко со лимон и лук, за 6-8 луѓе
Пилешко со лимон и лук, за 6-8 луѓе
Пилешко со лимон и лук, за 6-8 луѓе
4 големи парчиња пилешки гради
5 супени лажици маслиново масло
1 главица кромид, исечкан на парчиња
2 добро измиени лимони/исечкана кора од еден лимон и изрендана кора од другиот лимон
6 ченчиња лук, ситно исечкани
1 венче ситно исечкан магдонос
Сол и бибер
Прилог: варени млади компирчиња или ориз
Пилешкото, со остар нож да се исече на покрупни парчиња. Во тава загрејте го маслиновото масло и додадете го кромидот, кој ќе го динстате околу 5 минути. Додајте го исечканиот лук и продинстајте го само 30 секунди. Намалете ја температурата, во тавата ставете го пилешкото, којашто, со постојано мешање, ја динстате околу 10 минути. Додадете го сокот и исечената кора од едниот лимон. Крчајте и мешајте со дрвена лажица додека количината на сокот на дното од тавата не се намали. Тргнете го јадењето на страна, посолете, забиберете и додадете го магдоносот. На крајот ставете ја изренданата кора од вториот лимон. Може да се јаде со багет – леб, кој е интересна комбинација со сосот, или со варени млади компири.
Посетено 838 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!