Провинцијалка
Од мал град е. Нејзините се сиромашни. Студира тука. Се вози со точак во лето и со автобус во зима. Дели соба со уште една колешка. Се издржува со продавање парфеми по фирми. Не сум ја слушнал да повиши глас на никого. Ниту да опцуе. Хартивчето од мастиката го враќа во џеб дур не наиде на корпа за ѓубре и после го фрла таму.
Од мал град е. Кажав еднаш, нели? Ќе кажам пак. Од мал град е. Нив обично ги нарекуваат сељанки. А јас еве, само на такви би им го дал градов. Наречете ме старомоден. Наречете ме заостанат. Мене слободно наречете ме како сакате, само овие деца не ги нарекувајте сељаци. Спас на човештвото викајте ги. Ангели викајте ги! Дека тие ми ја враќаат верата во човечкиот род.
Посетено 34.546 пати