Престојот во оваа планинска куќичка е бесплатен
Eдинствено треба да се искачите на 2600 метри
За да ја почувствувате моќта на оваа Алпска панорама ќе треба да се искачите на 2600 метри надморска височина. Куќичката се наоѓа на Италијанскиот дел од Алпите и е направена во чест на загинатио извидник Лука Вурик. Матерјалите за градбата се качувани со хеликоптер, а на монтажата работеле професионални мајстори и пријателите на Лука. Вратите се отворени за секој што ќе појде до врвот. И замислете, не продаваат планински чај за 200 денари по шолја.
Посетено 1.812 пати