Почнаа по тајмЛАЈНО да шеруват и форсират поезија за сиромашни

Пред десетина години упишав општа и компаративна книжевност пошто бев болен по поезија. Ама одма сфанав дека школуван поет е како петел од инкубатор, за разлика од онај дворскио шо клука по буништата, шо би рекол другарот Момо. Нема вкус, пластичен е.

Тоа не е ни битно. Продужив да се дружам со Бодлер, Гинсберг, Мајаковски, Буковски, Пушкин, Дис, Рацин, Руми, Гане и плејада други, шо викат академиците од МАНУ шо не знаат њу фолдер да отворат.

У меѓувреме имав некои очајни литературни обиди шо споредбено со естетиката, љубовта, мудроста и револуционерноста на горенаведените беше брзај, брзај прваче за бездомници.

У едно малце покасно меѓувреме од горното меѓувреме, почнаа по тајмЛАЈНО да шеруват и форсират поезија за сиромашни и ногу чудно ми беше како секој курац се дрзнува фрустрациите да си ги крсте Поезија.

Зашо ли? Затоа шо уместо естетика имаа некоја метрика со посебни потреби, шо кога читаш очите те мразат, уместо љубов имаа евтин опис на студентки у сепариња, мудрост у наредна прилика, а од револуција имаш револуционерни линкови од ЈуТјуб измеѓу редовите, шо сакат да бидат стихови кога ќе пораснат.

Така ли? Така! Патку зеам пишувам си балади за шопјата, за жешкото, за Коки и Зоки, за ракија салата, за јога хеланки и ич око ме ми трепнува право да ти кажам. Пријатељу стари…

Посетено 1.054 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!