Пепел во пепел, прав во прав

пред човек да си замине
чудно засветува
како наеднаш да се разубавува
ликот вонземски му блеска
и станува воздушест
небаре на земја не гази
како од светот одвоен
па му се прекршува сенката
и напола е тука
а другата половина е веќе замината
и така извесно време
меѓу два света плови
дур се прости со блиските
да испие по еден пијалак со нив
два реда муабет да сврти
можеби и некој аманет да остави
пред човек да си замине
замирисува на спокој
и душата некако му се спаструва
како свежо испеглани алишта
ете така во градите мирот му се здиплува
и дишењето му се воедначува
како сам со себе да се помирува
и со насмев се покорува
па деновите полесно ги врви
а во ноќите цврсто заспива
без мисла и страв
без болка и јад
како да знае дека броени се
па заживува со сета сила што останала
небаре уште еден живот
пред себе има за врвење
пред човек да си замине
прашања не поставува
ниту двојби повеќе има
како да учи тогаш да ужива
па секое корче леб, гозба е
и на сонцето му се радува
а пред дождот стои со главата угоре
и жедно капките ги голта
замижан ја мириса земјата
и низ прстите ја дроби
а сите сетила се чисти
како на животно изострени
дур не сети, дур мигот не му дојде
и со насмев да замине
пепел во пепел, прав во прав да се стори
амин!

Посетено 1.104 пати

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) (https://animeflix.nl/m/ollg) Episode 39 at website https://animeflix.nl animeflix one piece

KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! (https://animefreak.ws/m/0J1) Episode 10 at website https://animefreak.ws anime freak new site