Па таква сакам, поштена, не да се курва со сите
„Еј која е онаа?“
„Батали ја, удрена е со мокра чорапа“
„Па и ја сум удрен, неколку пати со бокс
еднаш со кола и 2-3 пати ме удри бандера“
„Не ме сфаќаш .. и фали нешто“
„Па и мене ми фалат слепо црево и крајници
па што, види каков лепотан сум“
„Ама таа не е со сите“
„Па таква сакам, поштена, не да се курва со сите“
„Офф, леле, иди пушти и се ако сакаш“
И отидов.
Се враќам после 5 мин
„А бе што не ми кажа дека е луда“
„Па што ти зборев цело време“
„Не те сфатив“
„А уствари знеш дека си одговарате, ти глуп, она луда“
„Да ?..да пробам пак ?“
„Обавезно“
„Фала ти , баш си другар“
„ Сега ќе идам до вц на брзинка се средам,
поубав да и’ бидам, а ти пази да не си отиде“
„Ок“
„Убаво е да си имаш вистински другари“- си мислам
додека потпрен на писоар
со упаљач си ги горам влакната во нос
Малце боли ама јбг, морам да ја фатам