ОВА Е НАЈОРИГИНАЛНИОТ РЕСТОРАН ВО БЕЛГРАД
Импресивно уредениот интериер на ресторанот се базира на спојот на неспоиливото , а со тек на време стана своевидна атракција каде туристите доаѓаат во овој дел на градот за да ја доживеат
концепцијата на спротивставеноста на двата региона.
Во наизглед мирна и не толку атрактивна улица во Белград, Цвилиќевата улица 110, се наоѓа еден од најгенијалните ресторани во градот. Lorenzo & Kakalamba
е оригинален простор кој претставува единствена концепција на судир помешѓу двата региона; италијанската Тоскана и регионот од југот на Србија, Пирот. Целокупната идеа потекнува од сосема едноставното и искрено ветување на почетокот на бракот од страна на внимателниот сопруг спрема саканата жена:
“Мила, единствено можам да ти ветам дека никогаш нема да бидеш гладна!”
И така сопственикот во одличен гастро потфат кој обединува врвна лапачка со оригиналниот еклектичен концепт на интериерот чиј потписник е тој сам. А овој интериер не ве остава равнодушни.. Доколку на самиот влез се сопнете на еден од невешто сокриените кабли, или не се извадите од памет од дупката на подот која директно гледа во тенџерето со вкусните јадења кои се приготвуваат во кујната кат подолу, наидувате на едно фенси столче на својата маса.
Така во оригиналниот ентериер спаѓа и оригиналното мени составено од комбинација на тоскански деликатеси и вистинска домашни рецепти од Пирот. Поголемиот дел од храната доаѓа споменатите региони, а јадењата се подготвени според автентични рецепти. Странците обожуваат јадења како јагне подготвени во фурна на дрва или сарми од лозов лист, а љубителите на италијанската кујна тука ќе вкусат домашна тестенини или Pizza Italiana од оригинално италијанско брашно подготвена во рерна. Во дополнение на традиционалните јадења на менито се и модерните јадења од интернационалната кујна, а ресторанот си зграбчи награда за професионализам.
Кога ќе ги задоволите вашите гурмански апетити ќе заприметите многу детали кои го прават овој простор толку неодолив. Од коза којс мирно пасе на таванот, преку комични репродукции на познати скулптури од Фиренца до фантастични слики на познатиот Ботеро. Во било кое време од денот да одберете да го посетите овоа хумористично место, се бара столче повеќе, па затоа резервирајте си однапред.
Погледнете ја галеријата
Посетено 10.683 пати