Зоки Philodendron

-колку е цвеќево
-150
-а ова црвеново
-100
-а овој букетов?, баш е убав
-хаха не е букет, тое е везица за супа
-а колку пари е?
-50
-ај тоа ќе го купам
-дечко ти ме зезаш?… не е за продавање, ја купив од пазарче
ќе правам после супа за ручек
-хмм е кое цвеќе да го купам сега, некое евтино?
-за кого е?..мајка ти, девојка ти?
-за девојка ми
-некој повод, роденден, годишница?
-не ништо од тоа
-ау што романтично..никој више не купува цвеќе
без повод
-па не е баш романтично..ќе и го поклонам да ја изнервирам
-како да ја нервираш?
-па алергична е на полен.. и ќе се нервира, ќе кива нон-стоп
што значи нема да може да збори..тоа ми е поентата, да не збори
-ако ти е за тоа купи некоја од украсниве ленти
-и?
-ќе и ја врзеш околу уста, ем нема да збори ем убаво ќе изгледа
а за секој случај ќе ти дадам и хефталица гратис
па ако не успееш со лентата
фино само ќе и’ ја захефташ устата
-добра идеја
-мамоо еве стигнав- (слушам познат глас)
Се вртам..што да видам..девојка ми
-еј Зоки што правиш тука?
-овој ти е дечко? -ја прашува мајка и’-цвеќарката
-да… а ти да не сакаше цвеќе да ми купиш?
знаеш дека сум алергична
-паа…пааа.. не ма, сакав марула да купам
ама не држи мајка ти зеленчук, само везици за супа
-леле како лаже.. ќе го убијам – списка мајката
Ми срипаа двете, ме врзаа со лентите,
ми ги захефтаа рацете за телото да не мрдам
и усните да не викам помош,
ме ставија во голема саксија, ја наполнија со земја
а во очи и уши ми напикаа листови филадендрон
На крај ми закачија табла Zoranius Filadendronius, 4000 денари
Сега така стојам во излог и чекам некој да ме купи,
ама тешко пред 8-ми март,
никој не купува толкави растенија од ќејф за по дома
Посетено 266 пати