ОВА Е НАЈДОБРИОТ ХОТЕЛ НА СВЕТОТ
Le Bristol Paris
Реномираниот водич The Gallivanter’s Guideго го прогласи
францускиот Le Bristol за најдобар хотел во светот.
Le Bristol е овековечен со бројни награди во последниве неколку години, вклучувајќи ја и онаа за најдобар менаџер, најдобар спа центар и најдобар ресторан, меѓутоа во 2015. година го доби најголемото признание, она за најдобар светски хотел, на која положба до сега цврсто се држеше уште еден бастион на луксузот – хотелот George V. Под стручно водство на еден од најдобрите хотелски менаџери, господинот Didiera Le Calveza, кој оваа функција во Le Bristolu ја врши од 2010. година, хотелот доживеа многу измени, највеќе во полето на услугата и содржината. Покрај несебичното вложување на Oetker семејство кое во своето портфолио има некои од најелитните хотели како L’Apogée Courchevel, Château Saint-Martin & Spa i Hotel du Cap, Cap d’Antibes, Le Bristol конечно застана на заслуженото прво место во светот.
Овој хотел е идеална дестинација за парови кои сакаат да доживеат романтичен меден месец во Парис бидејќи Le Bristol навистина пружа комплектен пакет – од луксузниот амбиент, врвната услуга и ресторанот Epicure со 4 Michelin sвездички. Најголема атракција на хотелот е затворениот базен кој се наоѓа на кровот со поглед на Монмартр и Ајфеловата кула. На горниот кат истотака се наоѓа ексклузивен спа центар со La Prairie spa програма.
Посетено 491 пати