Нутела, Икеа, Гучи се дел од имињата за бебиња кои се забранети…
Сознанието дека ќе станете родител е момент што е исполнет со многу емоции. Сепак, по сознанието, време е да тргнете во планирање – а една од клучните работи е и избирањето име. Ова се имињата кои се забранети за бебиња ширум светот.
Дополнително, доколку планирате да живеете во странство, морате да бидете особено внимателни.
Еве го списокот што го донесува порталот Travel&Leisure, 10 имиња кои се забранети во разни делови од светот:
Нутела е забранета во Франција
Со извинување на сите љубители на чоко-лешниците, името Нутела е забрането во Франција. Во текот на 2015 година францускиот суд им забранил на родителите своето дете по тој бренд. Девојчето сега се вика Ела.
Во Шведска постои само една Икеа
Ако сакате да купувате во Икеа, тоа е супер. Но, за жал, компанијата не ве сака доволно за да ви дозволи своето дете да го крстите по неа.
Акума е (речиси) забрането во Јапонија
Секако, Акума можеби звучи симпатично, но на јапонски значи „ѓавол“. Иако името не е целосно забрането, сепак владата ги охрабрува родителите своите деца да ги именуваат по нешто поубаво.
Луцифер е забранет во Нов Зеланд
Продолжуваме со темата од Јапонија – Нов Зеланд го забранил името Луцифер (како и многу други потенцијално навредливи имиња).
Во Мексико нема Робокап (а ни Фејсбук)
Оваа држава го забранила името Робокап (заедно со името Фејсбук) затоа што сметале дека тоа би можело да доведе до насилство.
Том во Португалија? Невозможно!
Додека на детето можете да му го дадете името Томас, Том или Тома „нема да помине“ во Португалија. Оваа земја, имено, ги забранила скратените верзии на ова име.
Епл нема да може во Малезија
Малезија има прилично строги правила за имиња. Во 2006 година, таа нација „проголтала“ бројни прекари како и детски имиња кои истовремено се имиња за овошје или зеленчук. Ќерката на Гвинет Палтроу, значи, би морала да го смени името.
Петок е само ден во Италија
Кога еден човек се обидел да го регистрира своето ново бебе како Венерди, што на италијански значи петок, му кажале дека нема да може. Според извештаите, службениците сметале дека ова име спаѓа во категоријата „смешни или срамни“ имиња.
Во Швајцарија нема Гучи
Швајцарците исто така имаат прилично строги правила околу именувањето на своите деца. На пример, не можете да му дадете на своето дете име по веќе постоечка марка. Извинете Гучи, Мерцедес и Шанел, но забранети сте во Швајцарија.
Линда е апсолутно забранета во Саудиска Арабија
Во текот на 2015 година, владата на Саудиска Арабија забранила широк список на имиња кои се сметаат за навредливи, вклучувајќи го и името Линда. Владата сметала дека во прашање се имиња кои се „неарапски, неисламски или едноставно контрадикторни на културата на Саудиска Арабија“.
И во Македонија не се ретки „чудните“ имиња. Кое е најнеобичното име кое сте го слушнале?