Новиградска оаза за одмор од соништата
Некогаш тивко рибарско село во Истра со текот на годините стана една од најпопуларните туристички дестинации, но притоа сепак успешно ја задржа препознатливата, интимна атмосфера типична за малите медитерански градови. Ако сте во потрага за идеално патување ова лето, романтичниот Новиград и хотелот Наутика се идеален избор.
Во рамките на наутички-туристичкиот комплекс Наутика, освен хотелот, се наоѓа марината Наутика, едно од најубавите пристаништа на Јадранско море, и ексклузивниот ресторан Navigare, а наскоро ќе биде отворенBooze and Blues and club, инспирирана од американското поднебје.
Собите се дизајнирани во стилот на пространа кабина на стар брод, а од понудата се издвојува и пространиот Wellness & Spa центар за релаксација и ревитализација, додека ресторанот Навигаре познат по својата многу успешна фузија на традиционалната истарска и медитеранска понуда. Сите јадења се базираат на локални состојки, типични за регионот на Истра.
Импресивен поглед од терасата на ресторанонт на градот Новиград и Италија во далечината, слабо ветре и ладни чаши со врвен квалитет на истарските вина се совршена формула за незаборавно помината летна вечер.
Ако сте повеќе наклонети за активен одмор, препорака е Aquapark Istralandia, кој се наоѓа недалеку од Новиград и нуди незаборавна забава на вода. Во близина се и многубројни вински патеки и патеки на маслиново масло, кои нудат можност за дегустација на некои од најпрестижните производи од истарскиот плодна земја, бројни велосипедски патеки низ прекрасните пејсажи на истарскиот регион…
Хотел Наутика е совршен за сите оние што копнеат да избегаат од градската врева и да ги вкусат шармот и убавината на Новиград. Затоа, оставете ја здодевната секојдневниот живот зад себе и донесете одлука за безгрижно патување, бескрајна релаксација и уживање, притоа следејќи го главното мото на хотелот “безбедно и тивко пристаниште во кое секогаш ќе се вратите!”