Нови Заводливи Нијанси на M.A.C

За најдобрите бакнежи

MAC-kolekcija

M.A.C не престана да не воодушевува со своите нови мини-колекции,
а овој пат не развесели со новата линија на кармини
“Pencilled In Collection”
Омилениот бренд за шминка MAC ја претстави новата колекција на кармини наречена “Pencilled In Collection”, со која на најдобар можен начин го објави доаѓањето на пролетта. Збирката содржи неколку нови нијанси на производи за усни што доаѓаат во форма на кармини, сјаеви и моливи за усни. Кармините ќе бидат достапни во 12 убави нијанси, од светло розева боја до длабоко виолетова и тоа во различни текстури, така што меѓу мат, кремасти и сјајни кармини гарантирано ќе ја најдете вистинската нијанса која ќе блесне оваа пролет на вашите уснит.
Покрај тоа, новата линија пласира уште еден возбудлив производ M.A.C Tinted Lipglass, сјај за усни, кој доаѓа во три впечатливи бои: светло розова, црвена и портокалова и темновиолетова. MAC се погрижи шминката да е совршена, а колекцијата вклучува и  моливи за усни, кои доаѓаат во 12 нијанси и целосно се во согласност со нијансите на кармините.
Видете ги прекрасните нијанси и обидете се  да им одолеете.
Посетено 359 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!