Нов Успех На Кара Делевињ Во Лондон

Лансирање на новата YSL маскара за очи

YSL Beauty: YSL Loves Your Lips Party - Arrivals
Кара Делевињ никогаш не се одмара. Сестраниот
британскиот модел овој пат креираше лимитирана серија
на маскарата за очи на брендот YSL, представена
на вчерашната презентација во Лондон

 

Сестраноста на Кара Девлевињ нема граници. Таа е успешен модел, дизајнер, актерка и муза на многу дизајнери. Логичното продолжение на креативната активност на неуморната Кара го наоѓаме во светот на убавината. По повод петнаесеттата годишнина на YSL-овата маскара, Кара во повторната соработка со брендот креираше подарок за сите љубители на YSL мејкап-от, чија презентација се одржа синојќа во Лондон.
Прославата започна во познатата стоковна куќа Selfridges, каде што Кара лично ја претстави новата маскара за очи. По коктелот, гостите беа преместени во моментално најпопуларното место во Лондон, The Boiler House, каде што забавата се одржа во чест на Кара за новата успешна соработка. Прекрасната Кара изгледаше многу елегантно во црна комбинација.
YSL Beauty: YSL Loves Your Lips Party - Arrivals
Cara Delevingne

 

YSL Beauty: YSL Loves Your Lips Party - Arrivals
Pixie Lott
Посетено 312 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!