НИКОЛА ФОРМИКЕТИ СВЕЖА ЕНЕРГИЈА ВО DIESEL

diesel-tribute-denim-lb-2-medium-89c6bb0d

Со доаѓањето на Никола Формикети на позицијата Креативен директор на Diesel имиџот на брендот и начинот на претставување доживеаја голем број промени за само неколку месеци. Во рамките на кампањата есен/зима 2013 Никола регрутираше млади луѓе од целиот свет преку социјалната мрежа Tumblr давајќи им можност да ја изразат својата креативност преку повеќе зададени задачи. Проектот наречен #DIESELREBOOT ги презентираше избраните дела на иновативен начин во светските метрополи, како што е Union Square во Њујорк, каде фотографиите беа испечатени врз џиновски топки или пак Gallery Lafayette во Париз која послужи како медиум на уникатните проекти. Интересно е што и двајца млади македонци Ана Марија Радосављевиќ и Горан Костовски – Индог беа дел од овој светски проект.
За пролет/лето 2014 Формикети повторно има уникатен пристап – кампањата наречена #DIESELTRIBUTE е фотографирана од страна на познатиот Ник Најт со користење исклучиво на iPhone© и ефекти и филтри на врвни фото и видео апликации. Колекцијата презентирана во рамките на оваа кампања е првата на Формикети кој е познат по соработката со Лејди Гага, креативен директор на Муглер и Уникло, е првата лимитирана едиција која тој ја креира за Diesel.
Според Никола оваа колекција ја слави ДНК-та на брендот преку елементи од 35-годишната архива на Diesel, реинтерпретирани, произведени и рачно доработени во Италија. Во #DIESELTRIBUTE колекцијата одредени парчиња се превземени од стари колекции на брендот, зачинети со рок инспирација и современо доработени. Џинсот е доминантен, но со голем број на додатоци, а речиси сите парчиња имаат копчиња во црвена, зелена и бела боја како симбол за италијанското наследство на брендот.

diesel-2

diesel

img_4827_v4-rgb

img_6632_v2-cmyk

img_7701_v5-cmyk

img_8740_v4-rgb

img_4697

Превземено од Fashion Group

 

Посетено 231 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!