Нема да најдеш некој како мене! Па тоа е поентата…
Беше постар од мене и мислеше дека е најдобрата прилика која досега сум ја имала. Не го гледаше во моите очи сожалувањето и емпатијата за стариот.
Така си го викав во мислите, стариот, но беше мој стар.
Постојано ме ставаше на разни тестови за доверба бидејќи претходно бил изгорен на млекото, па сега дуваше на маштеницата.
Ме дуваше, ме дуваше и на крајот ме дувна.
Се расеав, но повторно се совзедов, без него. Виде дека можам сама и ме побара, а јас глупава и наивна си го сакав стариот и му се вратив.
Повторно ме дувна, овој пат се совзедов, но не целосно и пак му се вратив.
Ова се повторуваше многу пати, доколку би ги борела двете раце не би ми биле доволни.
Еден ден ми скурчи и кога ме дувна повторно, го дувнав и јас, се расеа и не се совзеде.
Не очекуваше да биде дувнат. Двата така дувнати си се веевме низ просторот кога батката повторно ме побара, иако расеан, пак се сети на мене.
Го одбив.
Ми рече дека сум погрешила многу, немало да најдам некој како него.
Па тоа е поентата, му вратив низ насмевка.
Оди најди подобар ако можеш рече и си замина мислејќи дека нема да го послушам.