Не е важно за кој е речено, туку за кој е печено!
Колку пати имате слушнато старите да кажат дека не е важно за кој било речено, туку за кој било печено?
Сигурно многу пати, а истата реченица се пренесува на постарите, од постарите преминува на помладите, од помладите на најмладите и истите кога ќе пораснат кругот се повторува.
Луѓето веруваат во некоја судбина која всушност не постои.
Исто така слушаме реченици од типот дека од судбината не се бега, како што ти е пишано, така ќе ти се случи и така натаму…
Овие реченици може да го оштетат сериозно вашиот мозок, всушност не може да го оштетат туку со сигурност истиот ви е веќе оштетен чим верувате во нив и постојано ги пренесувате врз останатите.
Околности, судбина, сиромаштија, болести, не постојат!
Се појавуваат како резултат на вашиот недостиг на верба во себеси бидејќи човекот е совршено суштество кое само може да создаде совршени околности.
Човекот си ја крои сопствената судбина, бидејќи истата не постои, она што го мислиш тоа и постануваш, доволно е да посакаш и да се потрудиш.
Човекот сам се заробува во сиромаштија со тоа што не гледа дека парите кружат околу неговите раце секој ден, но тој како импровизиран инвалид не може да ги зграпчи.
Не дека не може, туку не се сетил дека може да ги дофати лесно, наместо постојано да тагува што ги нема.
Човекот сам се разболува со тоа што има негативни мисли кои му го контролираат организмот и допуштаат негативното влијание да му го наруши здравјето.
Ако постојано се плашите од некоја болест, запомнете ќе се разболите токму од таа болест, бидејќи секогаш од она што се плашиш тоа ти се случува.
Не бидејќи судбината така сака, бидејќи ти така сакаш.
Ако ТИ не размислуваш негативно, негативното ќе бега од тебе оти гледа дека не го сакаш во твоја близина.
Ако ТИ размислуваш позитивно, ќе бидеш позитивен, ако ТИ посакаш пари и најдеш начин да ги добиеш, парите ќе дојдат многу лесно.
Ако ТИ сакаш да си среќен, среќата ќе ти се насмевне, во спротивно ќе бидеш несреќен и смуртен и сето тоа како резултат на твојот мозок.
Твојот мозок е составен од свест и потсвест. Свеста ја користиме 5% во секојдневието, додека потсвеста ги добива оние 95% кои постојано се искористувани под автосугестија на свеста.
Доколку не разбирате за што станува збор, сега ќе добиете кратко и јасно објаснување.
Вашата свест се вашите одлуки предводени од вашите мисли, додека пак она што ви се случува е резултат на тие одлуки, краен исход добиен под команда.
Свеста му дава команда преку мислите на потсвеста што да прави и таа веднаш истото започнува да го остварува без разлика дали истото е лошо или добро.
Ако вие сакате да заминете некаде, потсвеста веднаш ќе ви даде правец, ако сакате да убиете некого, таа веднаш ќе ви даде начин.
Доколку сфативте за што станува збор, исфрлете ја реченицата од речникот во насловот уште денес, во спротивно уживајте во својата судбина која сами ја креирате, но не сте свесни за тоа.