Не бев на ФБ на неколку дена…
[fblike]
Не бев на ФБ на неколку дена
и за тоа време завршив милион работи и тоа
-пораснав 2 сантиметри ( или само косата ми порасна)
-со паметот отидов на Сејшели и супер си поминав
-применив телекинеза на лажица
и така убив 2 бубашваби и една тешко ранив
-прочитав 1,5 книга и една сликовница
-направив надградба па одградба на нокти
-за малце ќе си земев налепница за бесплатно паркирање
-вежбав „строг ама праведен’ поглед (мислам неуспешно)
-имав и некои грешни мисли, како на пр. да си купам фротирани
пижами
-итн, итн
Како и да е, треба човек да го батали ФБ од време на време
Посетено 843 пати