Натали, дај му на човекот
Девојките често се заљубуваат во клошари кои не го заслужуваат нивното внимание, додека оние кои навистина го заслужуваат ги тргаат на страна…за резерва.
Тие и покрај тоа што постојат момци кои би им трчале по задникот, го одбираат оној по кого тие би трчале без да го фатат,
Овие првите ги сметаат за папучари и баш им се досадни, но грешат.
Не дека јас не сум направила слична грешка, па сега ги судам другите, сум направила, но секогаш сум била свесна пред да ја направам, а кога сме свесни за правењето на грешка, тоа станува избор, нели?
Сум избрала да трчам по погрешниот, оставајќи ги на страна сите потенцијални вистински, надевајќи се дека мојата жаба ќе се претвори во принц.
Но, не, секогаш останувала истата жаба која крекала и скокала наоколу, онаа жаба на која послатки и биле мувите без глава кои летаат наоколу отколку јас.
Откако неколку пати ја направив истата грешка, сфатив конечно дека понекогаш е добро да им се даде шанса на резервите да станат приоритети, а овие клошарите да добијат шанса да се подобрат, но сами без мене.
Му дадов шанса на момчето кое би направило се за мене и верувајте не се покајав, бидејќи сега јас сум спремна да дадам се за него.
Не беше жаба која требаше да се претвори во принц од мојот бакнеж, веќе самиот си беше принц од роџење.
Истата грешка ја прави мојата другарка Натали која секогаш трча по бившиот иако тој ја брка постојано, но јебига таков е човекот, секогаш трча по она што не може да го има.
Зошто ова го правиме луѓе?
Чим нешто не можеме да го имаме значи не е за нас, за нас постои подобро!
Истото и го реков на неа кога ми кажа дека започнало да и се додворува ново згодно момче со кое не знаела што да прави.
Натали дај му на човекот шанса!
Ова и го реков и ја поттикнав да ја одебе жабата, бидејќи принц не се станува ако си роден како жаба и чекаш некоја да те бакне, принц треба да си од роџење и ти да најдеш принцеза која ти ќе ја бакнуваш.
Затоа луѓе ве советувам и вас, посебно девојките, дајте им шанса на оние што не сакате да им дадете шанса само поради таа пуста надеж дека некој друг ја заслужува.
Штом се двоумите дали ја заслужува, не ја заслужува, бидејќи да би бил правилен првиот, не би се погледнале воопшто во вториот, нели?