Наскоро – нов македонски роман – Исповеди на еден Психотичен Ум
По долги ноќи трагајќи по инспирација, неколку серијали од раскази и еден заеднички, необјавен крај кој дава НСЗ на три приказни низ призмата на една малку поинаква перцепција се роди и романот првенче на авторот Владимир Ристевски со наслов „Исповеди на еден Психотичен Ум”.
Во текот на наредниот период ќе ги објавуваме расказите од еден од серијалите кои го носат истиот тој работен наслов тука на Мајка Ти и Татко Ти се до промоцијата на романот која би требало да се случи нешто пред овогодинешниот Саем на книгата.
Следете не’ и очекувајте секојдневни раскази, а во меѓувреме уживајте во селекција од најинтересните цитати од расказите.
Посетено 1.060 пати