Наш чоек се продава и за ситни и за крупни пари

“Крупњаците” ич нејќам да ги зборам. Тие ги ставам во категорија – нечовек.

Имаш ситна боранија од типот- ” дај нешо да се убутам у одборче ово – оно, комисиичка – кој ти дава бе 15 ХиЉадарчиња (денари) за онака”. Овие се во категорија – гревови. Е после онака убутани и среќни, раат се до првото ѕвррррр. “Добар ден. Овде е оној шо ве убута у одборчето. Слушајте, ај една ситна работичка во одборов да ми завршите, едно потписче….” И почнува агонијата. Ѕвррррр…Ѕвррррр….За ситна пара – крупна заебанција! И не им текнува дека треба трчечим кораком да побегнат и да се откажат од ситната пара, туку се постелуваат како черга.

Така се станува роб и ситна риба. Ситните риби први одат во затвор.

Посетено 406 пати