Најновиот тренд за сите родители

Ако сте тазе родител, веројатно по секоја цена сакате да сте во тек со најновите трендови во одгледувањето чеда. Најновиот се вика „Смирете се, ебате“.

18u6d7ln7v69rjpg

Оваа техника гарантира дека вашето дете ќе порасне во примерен член на општеството. Се вика „Смирете се, е*ате“, или на англиски – Calm the Fu*k down. И не важи за децата, туку за вас.

Користењето на техникава ќе ве убеди дека детето ќе биде во ред (се додека не го злоупотребувате, нормално).

Во продолжение, неколку прости примери за тоа како може да ја примените техниката:

Загрижени сте дека детето на другар ти побрзо ја научило азбуката од твоето? Смирете се, е*ате.

Загрижени сте дека не му ја давате потребната мудрост на детето која му треба за да преживее во школо и понатаму? Смирете се, е*ате.

Загрижени сте дека не сте такви родители какви што сте очекувале? Смирете се, е*ате.

Загрижени сте дека детето не пројавува желба за учење во одредени области? Смирете се, е*ате.

Загрижени сте дека детето се однесува како дете во јавност? Смирете се, е*ате.

Со користењето на овој метод ќе имате помалку притисок и ќе сфатите дека детето ве сака без оглед на сè, дури и ако уште ја нема научено азбуката. Исто така, ќе научите и дека и да не сте најдобрите родители на светот, сè додека го сакате вашето дете, тоа ќе мисли дека сте, а тоа е најважно.

За да ја користите техниката, треба да следите два едноставни чекори:

1. Смирете се, ебате.

2. Нема втор чекор.

Посетено 1.263 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!