Надвор е село
Кога ништо не е урбано, а сите се на бело
сети се брату, дека надвор е село
Кога кафето се пие ладно, а пивото врело
немој да заборавиш дека надвор е село
Кога секое ремек-дело излава од цревото дебeло
погледни надвор, стварно е село
Кога целото е цело и кога не е цело
го форсираат градот, ама надвор е село
Нека е детето глупо, битно да е смело
Извини, ама демагогијата ти е село
Седни, чукни се у главата, стави прст на чело
Размисли зашто е твојто градче, село…
Посетено 545 пати