Можеби сум горчлив, но имам блага душа

decko-pocetna_majkatiitatkoti

Јас и кажувам дека ја сакам, таа ми вика ме лажеш, докажи ми.

Јас и докажувам на разни начини, за мене прикладни, таа ми вика се преправаш, докажи ми без зборови.

Јас и докажувам без зборови, преку гестови, таа ми се лути, ме прашува оти не и зборувам, ми вика не ти реков јас да не збориш воопшто, друг е тој јазик со кој вљубените се разбираат без ОДРЕДЕНИ зборови.

Си викам не знаев дека мислела на некои одредени зборови, мислев не сакаше да зборувам воопшто.

Откако ми објасна, а јас не ја сфатив целосно, си реков ајде ќе пробам да и зборувам без да и зборувам кога ќе ми дојде да и кажам ОДРЕДЕН збор.

Кога сакав да и кажам дека ја сакам, покажував кон срцето со прстот, потоа ги ширев рацете колку што можам и не можам, а на крај прстот го насочував кон неа.

Пак не ме разбра девојчето, зема ми го излижа, мислеше сакам да се палиме.

Кога сакав да се палиме навистина, ја фаќав за газ, па почна да се лути и за тоа, сум бил напален психопат.

Си викам зошто таа не го каже тоа без зборови, кога на уста ќе и дојдат ОДРЕДЕНИ зборови.

Ми вика ме изневеруваш, ти си женкар, инстинктот така ми кажува.

Си викам да ти ебам и инстинкт и тебе да те ебам, кој инстинкт, дај нека се затне сигурно тој е крив за сите овие срања кои ги бара од мене.

Ја бакнувам на врат, ми вика касај, ја касам, ми вика оти ме касна, ваква девојка беше, ништо не и беше погодено, али ја сакав јебига, ми се погоди на чуден начин.

Ме бакнува на врат и таа, си реков ајде сега јас ќе те зафркавам малце, касни ме.

Ме касна нежно, се тргна и ми вика, горчиш.

И викам можеби сум горчлив, но имам блага душа.

Ма се зезам од афтершејвот ќе да е…ја гушнав лудачава и тогаш за прв пат разговаравме без ОДРЕДЕНИ зборови.

Посетено 5.048 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!