Мојата мајка е моја најдобра пријателка

Една е мајката, таа секогаш се става на прво место бидејќи никој не може да ја замени и да ја спушти на било кое пониско место во нашите животи.
mojata-majka-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]
Мајката е онаа која не родила, која не носела 9 месеци во својата утроба, која не хранела, која не воспитувала, која не поддржувала и сакала со цело свое битие дури и кога сме биле најлоши.
Со мајката колку и да се замеруваме, караме или молчиме секогаш за кратко време нарвозата и лутината поминува, а молчењето се претвора во прегратка и солзи радосници бидејќи сфаќаме колку сме среќни што ја имаме покрај себе.
Мајката исто така е наш најдобар пријател поради следните причини.
– Мајката никогаш нема да ни забоди нож во грб.
– Мајката никогаш нема да не озборува.
– Мајката никогаш нема да ни заврти грб или да не потупка иронично по него.
– Мајката никогаш нема да не навреди намерно или да не повреди како што тоа го прават другите пријатели.
– Мајката е онаа што сама ќе те брани дури и цел свет да се сврти против тебе.
– Мајката е онаа што нема да бара објаснувања, туку ќе те разбере без зборови.
– Мајката е онаа што секогаш ќе ти пружи рака кога паѓаш, наместо да те турни уште повеќе кон дното.
– Мајката е онаа што ќе ти даде секогаш искрен совет, комплимент или уште поискрена критика.
– Мајката е онаа која секогаш ќе те бодри.
– Мајката е онаа која те сака неизмерно.
– Мајката е таа која се грижи за тебе цел свој живот, дури и откако ќе пораснеш, за неа секогаш ќе бидеш дете.
– Мајката е онаа што ќе ти пружи рамо за плачење или ќе ти наздрави искрено со чаша за твојот успех.
– Мајката е онаа која се гордее со тебе.
– Мајката може да биде и татко кој си го немал.
– Мајката е единствена.
– Мајката е љубов која никогаш не умира.
– Мајката е таа што ќе ти кажува дека те сака без зборови.
– Мојата мајка е мојот најдобар пријател.
Посветете го овој текст на своите мајки кои ги сакате неизмерно, кажете им дека ги сакате и прегрнете ги денес, утре можеби нема да имате можност.
Посетено 8.588 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!