Моево куче стана презбитеријанец
Моево куче со цел памет станало презбитеријанец
и по цели денови само за тоа ми збори,
дури и на куќичката ставил крст
Се е тоа ок, негов избор ама збеснав кога
во копјутер ми ги избришал сите партизански филмови
а наместо нив симнал Исусоидни.
-Добро бе куче (така го викам, нема име)
сон на секое куче е да стане поголемо куче
или морско куче ама од кај ти текна презбитеријанец?
-Гледав Др.Оз и ако не си знаел он работел
во презбитеријанска болница во Њујорк
а знаеш дека он ми е идол
-А тоа ли? …Па што не гледаше Ало-Ало
па да станеш угостител како Рене,
барем ќе ми помагаше во Балет
-Не идам више таму, избегавам пороци
-Ауф, па ти едни пороци што имаш!!! … а цигарите ги остави?
-еј да,да добро ме потсети, ај купи ми никотински фластери
-Тоа ти е добра идеја, и онака само ме гребеше,
него ќе идеме во кафана после?
-не можам денес, постам
-е како бе?..па нели кучето му е најдобар пријател на човекот
го пегла и пере, му прави ручек, го дружи по кафани и сл.
а ти ми бришеш филмови, ..што изрод ќе беше?
-си ме помешал со жена – одговори, ме погледна
со тупавите очиња, влезе во куќичката
и почна да се моли
Се заебав што купив писмено куче што збори,
требаше најобично, што лае и мафта со опашката
Ама ете, памет за друг пат
[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/zoki-panker/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]
Посетено 400 пати