Млада си, ама Скопје има и друга страна, друг начин на живот

Девојко,
не знам како се викаш
пред малку се разминавме
кај Малага
со тебе беше еден тип
облечен во сјајно-бели панталони,
еспадрили и некаква безлична маичка
со дигната крагна
и цвикери качени на врв на глава
(личеше на овој на сликава (Мусолини) )
ако ти здосади од шопинзи
и глумење лудило по шемаџиските локали
јави ми се ,
не се бламирај со такви ликови
преубава си за него.. сеуште природна…
ќе те запознам со милион подобри
можда не знаеш, млада си
ама Скопје има и друга страна,
друг начин на живот 🙂
вреди да се проба, верувај

Посетено 1.778 пати