Мислам дека имам супер моќ, кажувам се што мислам

mislam-deka-imam-super-mok-kazuvam-se-sto-mislam-1

Денес ретко кој кажува се што мисли, ретко кој
прави се што сака…ретко кој живее.
Повеќето, да не речам сите луѓе кажуваат едно, мислат друго, а прават сосем трето, ретко кој живее, сите преживуваат.
Затоа мислам дека јас имам некоја супер моќ, да го правам она спротивното на нив.
Еве за што друго имам супер моќ, се надевам сличните на мене ќе се пронајдат.
Имам супер моќ, правам се што ќе посакам во моментот.
Имам супер моќ, излегувам со тие што ми одговараат, а не со тие што им одговарам јас.
Имам супер моќ, спуштам слушалка на лоши гласови по телефон.
Имам супер моќ, слушам само она што ми одговара, на останатото сум глува.
Имам супер моќ, молчам и кога сум во право.
Имам супермоќ, одебвам секој што ми глуми лудило или ме одебва индиректно.
Имам супермоќ, не зборувам индиректно, зборувам директно.
Имам супер моќ, кажувам се во очи, наместо позади грб.
Имам супер моќ, не озборувам други, се озборувам себеси.
Имам супер моќ, не кажувам дека сум паметна, докажувам.
Имам супер моќ, не се фалам со успехот, оставам тој да ме фали сам.
Имам супер моќ, не јадам гомна, јадам се останато.
Имам супер моќ, кажувам се што мислам.
Кога ќе размислам имам повеќе супер моќи, а вие?
Кои се вашите?
Посетено 1.734 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!