Меден месец на Бали: Хотел “The Chedi Sakala”

Прекрасна природа и бранови кои удираат  на брегот, доволни се за да ги разоружаат дури и најпребирливите гости

The-Chedi-Sakala-Bali-pocetna_majkatiitatkoti

Хотелот Chedi Sakala е семеен имот кој се наоѓа во близина на океанот. Ова е местото каде што можете да ја фрлите шминката, високите потпетици, да заборавите на фризурата и да уживате во друштво на љубената особа во врвниот амбиент и услуга. Хотелот располага со 247 соби и 14 вили со базен. Сите апартмани и вили имаат поглед кон морето и раскошни градини со тропски растенија. Покрај тоа, сите апартмани имаат комплетно опремена кујна, доколку сакаат, гостите сами можат да си подготват ручек или вечера. За оние кои немаат намера да се готват на одмор, имаат на располагање два врвни ресторани.

Првиот, Sakala Bali,е предводен од страна на готвачот Frédéric Boulay познат по современата француска кујна. Автохтоните деликатеси може да се најдат во другиот хотелски ресторан, кој има поедноставно мени со акцент на традиционални јадења. Вљубените парови можат да се релаксираат во Lobby барот, кој нуди широк избор на коктели, шампањи и вина. Дневни задоволства СПА центарота со органска козметика и препарати направени од растенија на островот и корисни минерали. Стручен кадар ги користи овие препарати за масажи и терапии кои се изведуваат во салоните за релаксација. Љубителите на теретаната нема да ја занемарат нивната рутина благодарение на Helth Club-от, во кој има најдобра опрема за вежбање и јога студио со приватни тренери.

Посетено 1.024 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!