Маја Мојсова
Утринско кафе
Маја Мојсова – Анестезиолог
Првото утринско кафе го пијам сама на тераса. Кафе со две цигарчиња, по можност да е тишина и никој да не е станат дома, тие се моите 15 минути кои што не ги пропуштам за ништо на светот. Денот после започнува со “журка” станување сите, спремање, носење дете во школо, стресот да фатиш паркинг место на клиника(бидејќи нема паркинг). Потоа следува утрински состанок, бидејќи работното место е интезивно, а пациентите се на прво место. По завршување на работното време, моето кафе најчесто го пијам во “Изи” и ете…отиде денот. Имајте пријатен викенд.
Еве како изгледа моето утринско кафе. – Маја
Посетено 3.217 пати