Маалски теоретичари на заговор

[fblike]

Знаеш за се, од подземни патишта до Харп антени

Сите познаваме по еден параноиден друштвен давеж, кој стоејќи на маргините на конформистичкото стадо ги шири своите конспиративни, нерезонски и крајно неверојатни идеи
Најчесто станува збор за полупроизвод од човек, полуобразовано битие кое што читало нешто, но не доволно, гледало свашта, но на погрешен програм. Иако има површно познавање во сите можни области, неговите ораторски способности му овозможуваат да инпресионира голем број луѓе. Формулата за да станете вакви е едноставна: Наоѓаш поголеми будали од тебе кои се спремни да те слушат долго и внимателно, седнувате пред маалската коперација и сеансата започнува. Прво ги анестезираш со подземните патишта кои го контролираат светот, па ги оперираш со вонземјанци за на крај да ги разбудиш со тајната за Харп антените. Мора да се напомене дека е задолжително форсирање на терминот ‘илуминати’. Не е на одмет и злоупотреба на науки како ‘квантна физика’, ‘гео-политика’ и слично. И така се до крајот на едукативното илагање малтретирате со некој нејасни и досадни поими на кои и вие не им го знаете конкретното значење. Ја фрлате цигарата на улица, плукате гнасен шлајм, слушателите ви го плаќаат пивото од сортата ‘Крали Марко’ и среќни си заминувате накај дома.
Посетено 669 пати