Луѓето кои спијат голи се поздрави, посреќни и имаат повеќе секс од вас

Веќе кажавме дека пиЏамите се посебна емоција, но спиењето гол си има свои предности. Како што времето се затоплува, така и вашите пижами ќе ви ствараат се повеќе жештина, па зошто не ги слечете пред време и уживате во овие неколку бенефиции кои ги уживаат сите луѓе што спијат голи?

lugjeto-koi-spijat-goli-se-pozdravi-posrekni-i-imaat-poveke-seks-od-vas-1

Луѓето кои спијат голи се поздрави

Ова го докажува едно истражување кое вели дека спиењето гол му дозволува на телото во текот на ноќта да ја испушта целосно својата енергија и да го одржи имунитетот на организмот во постојано движење.

Тоа е така бидејќи вашето тело постојано работи за да се затопли кога веќе пижамите не го прават тоа.

Со тоа станувате поиздржливи на студ и помалку подложни на болести.


 

Луѓето кои спијат голи се посреќни

Спиењето гол освен за здравјето, било добро и за внатрешниот мир според истото истражување, што значи дека луѓето кои не се кријат од чаршафите во пижами се посреќни, поотворени и имаат посреќни врски.

Тоа е така бидејќи телото во текот на ноќта е ослободено од притисокот кој го ствара облеката и дава чувство на ослободеност, а ослободеноста води до среќно заспивање и уште посреќно будење.


 

Луѓето кои спијат голи имаат повеќе секс од вас!

Сите оние што спијат голи знаат за што зборуваме…

Кога легнуваме без облека на себе автоматски се чувствуваме посекси, попровокативни, повеќе достапни за себеси и партнерот во кревет, што значи дека сето ова е добро и за нашиот сексуален живот.

Тоа е така бидејќи поголема е веројатноста либидито да ви се зголеми кога сте голи до партнерот и спиете заедно, отколку кога сте во пижами и спиете заедно.

Истото важи и за утринскиот секс кој секако ќе го имате доколку спиете со партнер до вас, но веројатноста да го имате секое утро е поголема доколку спиете целосно голи со партнерот до вас.


 

Држи вода, нели?


Посетено 4.564 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!