La Vita e Bella

tocak so zvonce_majkatiitatkoti[fblike]
Ја гледа ренгенската снимка и со сериозен глас
ми се обраќа:
-Малку ти е чуден мозоков морам да признам
-како чуден докторе?
-па на едната половина имаш тунели со колонија мравки
во другата имаш звонче за точак, кесичка супа
кутија Вентор и некои кинески букви
-чекајте, се тоа имам во главава..а имам уопште нешто мозок?
-имаш нешто, во звончето ти е сокриен
-ааа, затоа мене стално ми ѕвони во глава
-немај гајле за тоа, ќе те оперирам и нема да ти ѕвони више
-може..и онака ќе ми треба за на точак, моето го украдоа
-а не, не го вадам ѕвончет,само ќе го обвиткам
тоа „куренцето’ со изолирбан
-еј зошто не, не можеш?.. можам да умрам?
-не тоа, него ти реков дека мозокот ти е внатре
па ако го извадам ќе останеш без мозок
-Да, ама затоа ќе имам најпаметен точак, нели?
-па да, еве ти бирај..сакаш да бидеш најглуп човек на свет
или најпаметен точак?
-па најпаметен точак нормално, кое глупо прашање
И така направи докторот.
Морам да признам дека ова ми беше генијална одлука.
Точакот место мене идеше на факултет,
се вработи место мене
чита некои филозофи и сл. досадни книги
спие со жена ми место мене
а ја си уживам, пијам пиво, јадам смоки
гласам на избори и гледам турски серии
La vita e bella

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/zoki-panker/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 921 пати