Контејнеру!

Контејнеру,kontejneru_dzovani
дете на депонијата,
зошто си до гуша во гомна,
зошто од тебе се прелеваат гадости,
зошто никој, никогаш не те затвора,
зошто цело маало мириса на тебе?
Ти си одраз на културата на живеење:
на улицата, на градот, на државата…
Те третираат како јавен клозет
и те поганат од простаклак.
Бетер се само оние кои ѓубрето
го фрлаат надвор од тебе
и оние што те палат
за да ја гламјосаат
депонијата
во себеси.

Посетено 351 пати