Како од актер се стигнува во публика

publikateatar_majkatiitatkoti
Еден дел од луѓето работат но не мислат,
а другите мислат но не работат.
Кому да се приклонам си се` потпрашувам?
Дали на паметниот што плаче или на будалиот што се смее?
На лудите, не би, иако немам ништо против нив но
имам против глупостите кои ги чинат.
Тие наоѓаат уште поголеми будали кои им се восхитуваат и
прават глупости.
Да бидам поголем глупак од моите “идоли”и да им се
восхитувам!?
Никогаш!
Не сакам да бидам од корист колку што тоа ми го допушта
нивната и мојата глупост.
А таа, глупоста, ако преживее, можеме да
кажеме дека е преглупава и дека умира.
Си велам, најдобра акција која можам да ја
превземам е ништо да не превземам.
Не!
Амбициозен сум јас !
Да се приклонам на паметните е помалку страшно, но
дали сум дораснат?
Тешко е да налееш ум на оние кои немаа желба , но уште
потешко е да му влееш желба на оние кои немаат памет.
Ете, пројавива желба. Одам!
Си велам, на умните луѓе не им се случуваат ситни глупости.
Некој од моите наследници ќе ми бидат благодарни.
Благодарноста е една од оние работи кои не можат да се купат.
Не е тоа стан, два стана, три стана…куќа, кола.
Не помага ниту семејството
Не помагаат ниту парите.
Парите ги прави човекот а не парите, човекот.
Тие што сметаат дека со пари може да купат се`, се лажат и се
спремни за пари да направат СЕ`!
И најбедниот човек може со умот да го победи посилниот.
Тргнав кон нив!
Ако погрешам, мојата грешка ќе Ви биде забавна!
Ќе го гледам ова SmileSmile
Но, ако не погрешам, а нема, зошто сум коцкар у душа на
големи влогови…13-ка, црно, на рулет, е последната шанса …е тогаш…е тогаш…некој ќе треба да ги врати долговите кон Татковината.
И најзаслужните и долгуваат на Татковината повеќе отколку таа ним.
Со камата!
Никојпат нема ТАТКОВИНАТА да го напушти човекот, туку
човекот ТАТКОВИНАТА.
А таа, Татковината е створена од пепелта на
моите предци.

Отидов!
п.с. Политичките грешки се казнуваат сами, но ние ќе си ги платиме!
Посетено 1.629 пати

Бата Џанго

Бата Џанго

Бата Џанго