Кога ништо не оди како што треба, оди легни си

koga-nisto-ne-odi-kako-sto-treba-odi-legni-si-1

Сите имаме тешки денови во кои тешкото на душата преовладува и тие денови ни се чинат како вечност

Среќата е кратка бидејќи е слатка, но тешкотијата е долга, бидејќи е лута како луто пиперче кое го вкусуваме по наш избор.

Душата ни гори, но не за жед, гори за олеснување, но колку и да се обидуваш да ја угасниш со солзи, таа едноставно не стивнува.

Каде што имало пожар, секогаш ќе има чад кој ќе не загушува во ваквите денови.

Но, ништо не е вечно, како среќата, така и несреќата, горчливоста, тешкотијата, лутото го губи вкусот после извесен период.

За да научиме како среќата да трае подолго, а несреќата да бега од нас, треба да сме веќе изградени личности, созреани кои наместо да живеат за да преживеат, се обидуваат да живеат навистина.

Додека да стигнеме на тој степен на самоактуелизација, потребно е да ги преспиеме сите тие тешки денови, да ги успиеме во нашата душа, а да ги отвориме очите и насмевката што е можно пошироко.

Денот е лош само доколку му дозволиш да биде лош, затоа претвори го во добар и успиј го со својата добрина.

Кога ништо не оди како што треба, само насмевни се и потсети се дека Господ знае се, гледа се и ти дава СЕ што можеш да искрепиш во моментот.

Ниту повеќе, ниту помалку, туку онолку колку што си силен да издржиш.

Затоа издржи и не разочарувај го Господ во себе.

Секогаш кога ќе посакаш да навредиш, плукаш некого, да се одмаздиш или да си наштетиш себеси, легни си, преспиј.

Изутрина ќе сфатиш дека било лоша идеја, а успех составен од лоши идеи не трае долго.

Искушенијата се тука за да не научат на самоконтрола, да ни покажат колку сме силни, умствено јаки, храбри да не ги прифатиме како судбина.

Доколку и ти се наоѓаш во еденод твоите тешки денови, исплачи се иако не помага многу, а потоа легни и одмори се од се, а потоа така одморен со нова сила сруши го светот и направи ги сите денови најдобри.

Тогаш ќе сфатиш дека кога ништо не оди како што треба, ти треба да продолжиш да одиш, наместо да одиш да си легнеш.

Посетено 6.888 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!