Кога денот ќе се претвори во ноќ

Неретко будна ги дочекувам мугрите. И кога душата ми спие, очите широко отворени ја впиваат таа волшебна експлозија на небески бои, разлеани низ езерската шир како безгласно ехо.

utro-ema kushevska_majkatiitatkoti
Ги замолчувам дури и мислите. Се трудам да бидам нечујна, за да не го нарушам овој бесценет момент на раѓање. Тишината му дава свечен тон на овој чин, Ме обзема вистинско чувство на среќа. Затоа што сум жива, затоа што дочекав уште едно будење, затоа што сум привилегирана да се поздравам со првите сончеви зраци, да го прегрнам новиот ден.

А после овој занес седнувам пред мојот лаптоп и се спуштам на земја, без падобран. Гледам дека темни облаци ја прекрија раскошната убавина. Дрско безобзирно ми го крадат сјајот во очите, душевниот спокој. Зраците на надеж ги заменија очајот, немоќта, безнадежноста. Соочувањет со траорната стварност ме исполнува со тага. И така од ден во ден – мракоден.
Ќе се врати ли светлината?

Патетична сум? Не само реална.

Од мојот циклус наречен “Обични приказни на еден смртник”. Не знам дали ќе ви се допадне.

Посетено 1.011 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!