Коцка За Супа

Секој петок поручек ја чувам малата Гала,
едно детенце од комшилук
додека мајка и’ се журка на after-work party
Како и секогаш и раскажувам приказна:
„Си бил еднаш Крале Марко…
Е не знам дали бил баш крал,
сомнително ми е пошто немал пари за кола
па јавал коњ!
А и тој коњот негов бил толку глуп
што со цел памет
зацапал кај што ги асфалтирале карпите па
и ден-денес се гледа отисок од неговата потковица.
А и таа не е некоја брендирана, него обична , од пазарче
Затоа уште повеќе се сомневам дека Марко бил Крал…“
„чичко Зоки немој више да се дрогираш,
мајка ми нема да ми дава да ме чуваш и раскажуваш приказни“
„не ма Гала, не се дрогирам“
„Ама ја знам приказната за Крале Марко и не иде така“
„е добро де, не се сеќавам баш а и мамурен сум“
„Што е тоа мамурен?“
„исто како тмурен, кога ти е тмурен мозокот“
„не ме лажеш?“
„малку само“
„колку малку?“
„само 100%“
„а што е 100%?“
„Сакаш сладолед?“ – мењам тема„Сакам“
„извини немам сладолед ама еве лижи ја коцкава за супа“
kocka supa_majkatiitatkoti
„ауууу колку е солена, гад ми е“
„ако, така растат деца“
„а не растат ако паднат на улица?“
„па можеш да бираш- коцка за супа или да паѓаш“
„хмм, ај ќе ја долижам коцкава, подобро е нели?
Прошлиот пат кога паднав ме згази кола и затоа сега
сум во количка“
„Па да, побезбедно е“ – ја тешам
„А ќе ја довршиш приказната од прошлиот пат?“
„Која приказна?“
„онаа за принцезата што имала многу лица,
јавала на пајак а во недели се облекувала во црно“
„Ааа, ти мислиш на принцезата што имала огледало наместо лице,
работела во пајак-служба а во недела била оџачар?“
„Да таа“
„е па на крај на приказната се заглавила во оџак
и некој без да знае го запалил ќумбето
па она се угушила и кога ја нашле после многу време
била толку испушена што мислеле дека е некоја пршута
и ја изеле“
„Ја изеле принцезата?“
„Да, ама не се плаши, ова е само приказна,
во вистинскиот живот умираат по тунели во сообраќајки“
Во тој момент доаѓа мајка и’ да ја земе и ме спаси,
ми фати пена устава од зборење.
„Како си поминавте?“ – ја прашува
„Супер мамо ама чичко Зоки многу лаже“
„те лаже?“
„вика дека има мравјалник во главата“
„мисли на мамурлук“ – се уфрлам
„а ништо не е тоа, на сите возрасни им се случува“
– и’ објаснува мајката
„а ќе ме пуштиш и другиот петок?“
„па нели те лаже?“
„ако, убаво лаже“
„и донеси сладолед кога ќе ја носиш во петок,
го отрув девојчево со коцки за супа“
– и’ кажав пред да ја затворам вратата
и за момент ја фатив задоволната насмевка на Гала
Срцка….
Посетено 997 пати